• четврток, 26 февруари 2026

Македонската олимписка делегација пристигна во Милано

Македонската олимписка делегација пристигна во Милано

Милано, 5.февруари 2026 (МИА) – Македонската делегација во чиј состав има четири спортисти, а предводена од Цветанка Макаровски, шеф на делегација пристигна во Милано, каде утре ќе биде Свеченото отворање на 25.Зимските Олимписки игри.

Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Милано и Кортина ќе се одржи утре (петок), 6 февруари на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано. Натпреварувањата ќе се одржуваат во Милано, но и на објекти во во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо. Свеченото отворање ќе започне во 20:00 часот по македонско време. 

Знаменосци на овие Олимписки игри ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо.    мн/

Фото: Фејсбук МОК

Остани поврзан