• среда, 25 февруари 2026

Кремљ ги потврди контактите со официјален Париз за можна средба Путин - Макрон

Кремљ ги потврди контактите со официјален Париз за можна средба Путин - Макрон

Москва, 4 февруари 2026 (МИА) - Кремљ денеска соопшти дека има контакти со Париз за можна средба меѓу претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон.

„Постојат контакти на оперативно ниво, но во моментов не можеме да објавиме ништо конкретно за таа тема“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Макрон вчера изјави дека се подготвува продолжување на дијалогот со Путин, објавија француските медиуми, и потсетија дека францускиот претседател во декември рекол дека би било корисно повторно да разговара со Путин за решавање на конфликтот во Украина. рп/сд/

Фото: МИА архива
  

Остани поврзан