Конфиндустрија на Албанија бара итни мерки за намалување на цената на горивата, кои се највисоки во регионот
- Во Албанија цената на литар дизел чини 200 лека или 2,1 евро, што е за 14 отсто повисока цена од пред почетокот на кризата на Блискиот Исток. БС - 95 и БС- 98 се продаваат по цена од 190 односно 198 лека
Тирана, 18 март 2026 (МИА) - Поради високите цени на горивата, освен албанските граѓани, денеска реагираше и Конфиндустрија на Албанија, наведувајќи дека „власта мора да преземе соодветни чекори за намалување на цените на горивата, кои се највисоки во регионот".
Во официјална реакција до медиумите, Конфиндустрија бара од владата најбрза имплементација на фискалниот пакет.
"Конфиндустрија, земајќи го предвид продлабочувањето и неопределеното продолжување на кризата со горивото поради војната во Персискиот Залив, бара од владата брзо составување и спроведување на фискален пакет за ублажување на пазарните цени“, се наведува меѓу другото во соопштението.
Медиумите пренесуваат и ставови на познати економски експерти, кои не се согласуваат со владата за мониторинг на цената на бензинските пумпи, туку, како што посочува Едуарт Ѓокутај "решението во оваа ситуација е и активирање на безбедносната резерва, доколку постои".
Неговиот колега Ергис Сефа, предупредува дека доколку владата не преземе мерки литар дизел, кое е најпродавани гориво, за неколку дена ќе чини 250 лека.
Во Албанија цената на литар дизел чини 200 лека или 2,1 евро, што е за 14 отсто повисока цена од пред почетокот на кризата на Блискиот Исток. БС - 95 и БС- 98 се продаваат по цена од 190 односно 198 лека.
Во земјата не функционира Регулаторна комисија за енергетика па цената на горивата бензиските пумпи ја менуваат речиси секојдневно, вт/ссм/
Фото: архива