• сабота, 14 март 2026

Конгресот на Перу го отповика претседателот Хери

Конгресот на Перу го отповика претседателот Хери

Лима, 18 февруари 2026 (МИА) – Конгресот на Перу синоќа го отповика претседателот Хозе Хери поради непријавени средби со еден кинески бизнисмен.

За отповикување на Хери гласаа 75 членови на Конгресот, 24 се изјаснија „против“, а тројца беа „воздржани.

Хери беше на функција само четири месеци. Тој е трет по ред претседател на Перу кој е отповикан. ми/рп/

фото: ЕПА

Остани поврзан