• вторник, 07 април 2026

Клековски со честитка по повод Светскиот ден на здравјето: Нашата клучна мисија е да бидеме стабилен финансиски столб на здравствениот систем

Клековски со честитка по повод Светскиот ден на здравјето: Нашата клучна мисија е да бидеме стабилен финансиски столб на здравствениот систем

Скопје, 7 април 2026 (МИА) - Нашата клучна мисија е јасна - да бидеме стабилен финансиски столб на здравствениот систем за да може лекарите да лекуваат, а пациентите да бидат згрижени. Во изминатиот период преку заедничка работа направивме значајни исчекори. Обезбедивме повиски примања за здравствените работници, и тоа реално зголемување на платите во јавното здравство, историско зголемување на капитацијата на матичните лекари - вели директорот на ФЗОСМ, Сашо Клековски, во честитката по повод 7 Април - Светскиот ден на здравјето.

Честитајќи го Светскиот ден на здравјето, изрази длабока благодарност до сите здравствени работници нагласувајќи дека тие секојдневно стојат на првата линија во грижата за нашите животи.

- Направивме значајни чекори во зголемување на пристапот на лекови, и тоа на скапата биолошка терапија, и по повеќе од една деценија, ја обновивме позитивната листа со нови лекови. Работиме на подобрување на условите за работа, нова опрема и нови методи. Ова не се само бројки во буџетот. Ова значи подобар пристап до терапија, поголема сигурност за пациентите и помотивирани здравствени професионалци - вели тој.

Дека нашиот систем знае да биде брз, солидарен и професионален кога е најтешко, според него, се покажало и при трагедијата во Кочани.

- Во такви моменти Фондот е тука да гарантира дека сите средства се секогаш достапни онаму каде што се најпотребни. Нашата цел останува иста - здравствен систем кој е достапен, квалитетен и одржлив за сите. Здравјето е наша заедничка одговорност. Да го чуваме, да го унапредуваме и да вложуваме во него секој ден. Честит 7 Април, Светскот ден на здравјето - вели Клековски во честитката. сст/вг/

Фото принскрин
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан