• среда, 25 февруари 2026

Италијанската премиерка Мелони утре ќе се сретне со американскиот потпретседател Ди Венс

Италијанската премиерка Мелони утре ќе се сретне со американскиот потпретседател Ди Венс

Милано, 5 февруари 2026 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони утре во Милано ќе се сретне со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Венс пристигна денеска во Милано во придружба на официјална делегација на САД, во која е и државниот секретар Марко Рубио. Тие утре ќе присуствуваат на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри Милано - Кортина 2026 на стадионот Сан Сиро. 

Ова е трета посета на американскиот потпретседател на Италија за помалку од една година. Тој ја посети и Италија минатата пролет, кога се сретна со Мелони и тогашниот папа Франциск во Ватикан.

По смртта на Франциск, Венс ја предводеше американската делегација за востоличувањето на новиот папа Лав Четиринаесетти и учествуваше на трилатералната средба во Рим со Мелони и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан