• четврток, 25 декември 2025

Иранските државни медиуми објавија за ракетни вежби во различни градови во Исламската Република

Иранските државни медиуми објавија за ракетни вежби во различни градови во Исламската Република

Техеран, 22 декември 2025 (МИА) - Иранските државни медиуми објавија за ракетни вежби во различни градови во Иран денеска, повикувајќи се на извори и очевидци.

На своите канали на Телеграм, иранската државна телевизија и полуофицијалната агенција Нурњуз објавија снимки од наводни лансирања на ракети, без да прецизираат каде се снимени.

Медиумите само забележаа дека лансирањата се случиле во градовите Техеран, Исфахан и Машхад.

Автентичноста на видеата засега не можеше да се утврди. мс/сд/

фото: Архива

Остани поврзан