Иран ги ублажува правилата за транзит низ Ормуската Теснина
- Бродовите ќе мора да ги почитуваат иранските безбедносни прописи и да ја координираат пловидбата со надлежните власти, се додава во соопштението.
Техеран, 26 март 2026 (МИА) - Иран ги ублажува ограничувањата за транзит низ Ормуската Теснина наведувајќи дека бродови што не се сметаат за непријателски и не поддржуваат воени дејства против Техеран ќе може да поминуваат - соопшти иранската мисија во Обединетите нации.
Бродовите ќе мора да ги почитуваат иранските безбедносни прописи и да ја координираат пловидбата со надлежните власти, се додава во соопштението.
Ормуската Теснина стана жариште во актуелната војна меѓу САД, Израел и Иран. Техеран повеќепати напаѓаше бродови во овој воден пат, практично блокирајќи една од клучните рути за глобалното снабдување со нафта и гас.
Тесниот премин меѓу Иран и Оман е единствената врска меѓу Персискиот Залив и светските океани и се смета за една од најважните поморски рути, низ која вообичаено поминуваат речиси 20 проценти од светските резерви на нафта. ссм/ми/
фото: архива