• понеделник, 16 март 2026

Илиевски: Почнуваме со нов селектор – очекуваме добри резултати во иднина

Илиевски: Почнуваме со нов селектор – очекуваме добри резултати во иднина

Скопје, 23. февруари 2026 (МИА) – Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски се врати во македонската кошарка, како координатор на сите национални репрезентативни селекции. Илиевски има огромно меѓународно искуство, длабокото познавање на репрезентативниот систем и авторитетот што го ужива во кошаркарските кругови.

-   Ја прифатив оваа функција да го предадам моето име, моето искуство што сум го стекнал триесет години за Македонија и заедно со оваа екипа да направиме исчекор и систем, во чија иднина очекуваме млади генерации да ги наследат денешните. Се надевам дека долги години по нас ќе оставиме нешто, систем, начин на работа и позитивна средина која ќе ни даде голем број на добри кошаркари. Почнуваме со нов селектор, нова енергија и не очекуваат добри резултати во иднина и секако, нови дечиња, девојчиња, кои ќе ја претставуваат Македонија во најдобро можно светло – изјави Илиевски.

Илиевски искажа благодарност до претседателот на федерацијата Томе Главчев што му ја даде оваа одговорност. мн/

Фото: МКФ

Остани поврзан