• четврток, 25 декември 2025

Израелските сили убија палестински тинејџер при рација на Западниот Брег

Израелските сили убија палестински тинејџер при рација на Западниот Брег

Рамала, 21 декември 2025 (МИА) - Израелските сили убија палестински тинејџер за време на рација на северот на Западниот Брег, соопшти денеска палестинското министерство за здравство.

Во соопштението се наведува дека шеснаесетгодишниот Рајан Мохамед Абу Муала бил убиен синоќа со огнено оружје во Кабатија, јужно од Џенин, на северот на окупираниот Западен Брег, пренесе Ал Џезира.

Исто така, се наведува дека израелските сили упаднале во Кабатија и отвориле оган, при што го погодиле тинејџерот. јт/ми/

Фото: МИА архива

Остани поврзан