• сабота, 21 февруари 2026

Измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти го поминаа комисискиот филтер

Измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти го поминаа комисискиот филтер

Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Собраниската Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ја изгласа потребата од донесување предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти по скратена постапка и го даде на натамошно постапувањеање.

Новината во законот е предложена од владината коалиција на барање на Општина Битола, а потоа и на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа - ЗЕЛС, истакна пратеникот Беким Ќоку, претседател на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

- Законот има цел да се продолжи рокот на постојните одредби во законот и да се овозможи завршување на постапките кои се почнати за објектите што се изградени без дозвола. Со овој закон се предвидува, наместо законот да заврши во март 2026 година, тој да продолжи за дополнителни пет години и да заврши на 3 март 2031 година до кога треба да заврши легализацијата на објекти за актуелните барања во општините, но не и за нови барања - нагласи пратеникот Ќоку.

Предлог-законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, беше поднесен од група пратеници -  Бојан Стојаноски, Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Бране Петрушевски, Даниела Христова, Каролина Насковска, Лидија Петкоска, Марија Петрушевска, Моника Трајанова, Олга Лозановска и Павле Арсовски.

Предлог-законот е на дневен ред на денешната Собраниска седница закажана за напладне. мт/вг/

Фото: принтскрин

Остани поврзан