ИДФ соопшти дека го елиминирала Закут, задолжен за финансиите на военото крило на Хамас
- Закут бил убиен на 13 декември при израелски воздушен напад. За време на нападот Закут бил во автомобил заедно со Раед Саед, кој според ИДФ е „еден од архитектите“ на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година
Ерусалим, 24 декември 2025 (МИА) – Израелската армија денеска соопшти дека пред две недели во операција во Појасот Газа го елиминирала Абдел Хај Закут, кој бил задолжен за финансиите на военото крило на Хамас.
Закут бил убиен на 13 декември при израелски воздушен напад. За време на нападот Закут бил во автомобил заедно со Раед Саед, кој според ИДФ е „еден од архитектите“ на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Според ИДФ, Заед изминатата година бил одговорен за собирање и префрлање на десетици милиони долари на вооруженото крило на Хамас за да се обезбеди продолжување на борбите против Израел.
Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Калил ал-Хаја ја потврди смртта на „командантот Раед Саид“ и „неговите придружници“.
Според израелската армија, Саид го надгледувал производството на оружје за военото крило на Хамас и го надгледувал „зајакнувањето на капацитетите“ на исламистичкото движење. ми/
фото: МИА архива