• понеделник, 09 март 2026

Ивановски: Пробиен последниот тунел во изградбата на пругата Бељаковце - Крива Паланка

Ивановски: Пробиен последниот тунел во изградбата на пругата Бељаковце - Крива Паланка

Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Директорот на ЈП „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски, на својот фејсбук-профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те во делот на изградбата на пругата Бељаковце - Крива Паланка, информираат од Министерството за транспорт.

„Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15-те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија (Бељаковце - Крива Паланка). Пробивањето на тунелите се смета за една и од поспецифичните градежни активности. А на овој проект оваа позиција е веќе завршена. И натаму прогресот во моментот од страна на изведувачот не е според очекувањата, но можам да соопштам дека најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат и очекувам месеци на посериозна оперативна активност и видлив прогрес - пишува Ивановски на својот профил на „Фејсбук“.

Коридорот 8, додава тој, е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и како таков сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранското со Црното Море. сст/паг/

Фото ФБ на Синиша Ивановски 

 



Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан