• четврток, 25 декември 2025

И здружението ТАКТ се приклучи на кампањата против родово базирано насилство 

И здружението ТАКТ се приклучи на кампањата против родово базирано насилство 

Крива Паланка, 18 декември 2025 (МИА) - Здружението за унапредување меѓусебна доверба ТАКТ се приклучи кон кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, денови во кои се зборува гласно, а сите што ја поддржуваат кампањата стоиме заедно и делуваме, истакна извршната директорка на ТАКТ, Магдалена Спасовска.

Таа посочи дека оваа година е посебно значајна, бидејќи ја завршуваат нивната најголема едукативна база за спорт и родово базирано насилство во Македонија.

-Оваа база е создадена во рамки на проектот „SportGVP“, во партнерство со организациите кои ја движат промената заедно со нас. Во текот на изминатите три години создадовме едукативни материјали за тренери, наставници и спортски клубови, анализа за родово базирано насилство во спортот во Македонија, како и препораки и алатки за унапредување на безбедни, инклузивни и поддржувачки спортски средини, додаде Спасовска, посочувајќи дека во ТАКТ веруваат дека спортот е моќен простор за солидарност, поддршка и трансформација.

Денес, истакна Спасовска, и секој ден, стоиме на страната на оние чии гласови треба да се чујат против насилство, за еднаквост и безбеден спорт за сите.

Материјалите изработени во рамки на проектот „SportGVP“ се достапни и на посебна веб-страница: www.sportgvp.eu/mk .ид/вј/

Фото: ТАКТ 

 

Остани поврзан