Златен медал со рекорд на првенствата за Стенберген од Холандија
- Светската рекордерка Марит Стенберген од Холандија е европска шампионка откако победи во трката на 100 метри слободно на шампионатот што се одржува во Париз
Париз, 11.август 2026 (МИА) – Светската рекордерка Марит Стенберген од Холандија е европска шампионка откако победи во трката на 100 метри слободно на шампионатот што се одржува во Париз. Таа до златото исплива резултат 51.90 секунди што е и нов рекорд на европските првенства. Среброто и припадна на нејзината сонародничка Милу ван Вијк, а бронзата ја освои Сара Куртис од Италија.
Во трката на 200 метри грбно победи Британката Кејти Шанахан со време 2:06.13 минути, пред Португалката Камили Ребело и Полин Маје од Франција.
На 800 метри слободно победи Италијанката Симона Квадарела. Таа постигна време од 8:15.55 минути. Германката Изабел Госе го освои среброто, а бронзата и припадна на Маја Вернер.
Италијанецот Николо Мартиненги стана европски првак со победата во трката на 100 метри градно со време 58.58 секунди. Втор стигна Русинот Иван Кожакин, а трет Симеоне Серасуло.
На 50 метри пеперутка кај мажите победи Јегор Корнев од Русија со резултат 22.52 секунди, пред Французинот Максим Грусе и Григори Пекарски од Белорусија.
Мешаната штафета на Франција 4×100 метри мешани стилови освои златен медал со време – 3:39.64 минути, пред Холандија (втора) и Русија (трета). мн/
Фото: ЕПА