• среда, 25 февруари 2026

Зеленски: Во војната со Русија загинаа околу 55.000 украински војници

Зеленски: Во војната со Русија загинаа околу 55.000 украински војници

Киев, 5 февруари 2026 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интербју за француската телевизџија „Франс 2“ изјави дека од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година загинале 55.000 украински војници.

- Во Украина, официјалниот број на војници убиени на бојното поле, без разлика дали се редовни или мобилизирани, е 55.000, истакна Зеленски.

Тој додаде дека има голем број луѓе кои Украина ги смета за исчезнати. ми/мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан