• недела, 20 септември 2026

Здруженијата на превозници од Западен Балкан утре на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната

Здруженијата на превозници од Западен Балкан утре на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. 

Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. 

- Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности, изјави за МИА Биљана Муратовска од Асоцијацијата на превозници - МАКАМТРАНС.

Здруженијата на превозници од Западен Балкан бараат изземање на професионалните возачи од правилото со кое престојот се ограничува на 90 дена во период од 180 дена. Тие упатија писмо до Европската унија со барање за директна средба. бак/са/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа