Завршена реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“ во Зрновци
Кочани, 18 декември 2025 (МИА) - Во рамки на тековните активности за уредување и унапредување на локалната патна мрежа, целосно се завршени градежните работи на улицата „Гоце Делчев“ во Општина Зрновци.
Од Општината информираат дека активностите ќе продолжат и во наредниот период, со цел континуирано подобрување на инфраструктура и условите за живот на граѓаните.

- Со уредувањето на улицата ,,Гоце Делчев" обезбедуваме побезбеден и поквалитетен сообраќај за нашите сограѓани. Ќе продолжиме со реализација на проекти кои значат развој и подобри услови за живот во општина Зрновци“, вели градоначалникот, Ванчо Митев.ис/
Фото: Општина Зрновци