• петок, 18 септември 2026

Енрике: Следната цел на ПСЖ е да ја освои ЛШ трет пат по ред

Енрике: Следната цел на ПСЖ е да ја освои ЛШ трет пат по ред

Салцбург, 13 август 2026 (МИА) - По победата над Астон вила со 2:1синоќа во Суперкупот на УЕФА, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ја кажа следната цел на неговиот тим.

Парижаните сакаат да ја освои Лигата на шампионите трета сезона по ред.

- Нашата следна цел е да ја освоиме Лигата на шампионите  трет пат по ред. Мора да ја задржиме нашата амбиција и да веруваме во себе. Ќе биде многу тешко, но не сакаме да се опуштиме и сме решени, изјави Енрике.

ПСЖ ја започна сезоната со победа во Суперкупот на УЕФА и го одбрани трофејот освоен лани.

Во Лигата на шампионите само фудбалерите на Реал Мадрид имаа три трофеи во низа. зс/

Фото: ЕПА