• сабота, 18 април 2026

Енрике: ПСЖ мораше да издржи многу во второто полувреме против Ливерпул

Енрике: ПСЖ мораше да издржи многу во второто полувреме против Ливерпул

Ливерпул, 15 април 2026 (МИА) – Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, се осврна на синоќешната победа од 2:0 над Ливерпул во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

-Беше напнат натпревар помеѓу два врвни тима кои играа многу добро. Голема чест е за ПСЖ да игра на „Енфилд“. Првото полувреме помина во наша корист - ја контролиравме играта и создадовме неколку одлични шанси, но во второто полувреме сè беше поинаку; мораше да издржиме многу. Беше тешко, но се справивме со притисокот на Ливерпул и постигнавме два гола. За да победите во натпревари како денес, треба да се браните со голем интензитет. Сите знаат дека ПСЖ се добри со топката, но денес нашиот тим покажа дека може да игра и без неа.
Минатата сезона, сите мислеа дека ПСЖ не може да ја освои Лигата на шампионите затоа што бевме премногу млади. Сега сите знаат дека сме шампиони, но сè уште имаме многу да подобриме. Тоа е нашата цел, истакна Енрике на официјалната веб-страница на УЕФА.

Во полуфиналето, ПСЖ ќе се соочи со победникот од натпреварот Баерн Минхен - Реал Мадрид (прв натпревар 2:1). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан