• среда, 15 април 2026

Емир Мирто нов директор на ООУ „Хајан Селмани“, најголемата деветолетка во Општина Маврово и Ростуше

Емир Мирто нов директор на ООУ „Хајан Селмани“, најголемата деветолетка во Општина Маврово и Ростуше

Дебар, 23 март 2026 (МИА) - Со решение на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, за нов директор на  Основното општинско училиште „Хајан Селмани“ во село Ростуше е наименуван, Емир Мирто, професор по одделенска настава, со долгогодишно искуство во воспитно-образовниот процес. 
 
-Истакнувајќи ја неговата досегашна посветеност како просветен работник, градоначалникот Јакупоски,  му посака успешна работа, многу енергија за справување со предизвиците и акцент на внесување иновации и подигнување на квалитетот во образованието, информираа од општината. 
 
Додават дека локалната самоуправа останува посветен партнер на најголемата деветолетка „Хајан Селмани“, но и на сите училишта, во сите идни проекти насочени кон подобрување на условите за учениците и наставниот кадар. 


На подрачјето на оваа општина функционираат четири деветолетки: „Хајан Селмани“ во Ростуше,  „Блаже Конески“ во село Скудриње, „Јосип Броз Тито“ во Жировница и „Данче Дејаноски“ во Маврово Анови, во кои настава следат околу 500 основци.

Деновиве Мевмед Абдиу  е наименуван за нов директор на училиштето во Скудриње, додека Насер Ејупи на училиштето во Жировница и двајцата познати педагози. вт/вј/
 
Фото: Општина Маврово и Ростуше

Тагови

Остани поврзан