Елмас и Наполи го освоија Супер купот на Италија
- Екипата на Наполи каде настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го освои Супер купот на Италија
Ријад, 23.декември 2025 (МИА) – Екипата на Наполи каде настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го освои Супер купот на Италија. Во финалето што се играше во Ријад, Саудиска Арабија ја совладаа Болоња со 2:0.
Стрелец на двата гола беше Давид Нерес во 34.минута и во 57.минута.
Елмас беше дел од стартните единаесет на овој натпревар, а на теренот мина 68.минути.
За Наполи кој има четири шампионски пехари, ова беше трет освоен Супер куп. мн/
Фото: ЕПА