Европски титули за Батоклети од Италија и Халаш од Унгарија
- Италијанската атлетичарка Надија Батоклети триумфираше во трката на 5.000 метри на Европското првенство во Бирмингем
Бирмингем, 11.август 2026 (МИА) – Италијанската атлетичарка Надија Батоклети триумфираше во трката на 5.000 метри на Европското првенство во Бирмингем. Таа патеката ја истрча за 15:37.84 минути што беше доволно за златен медал.
Второто место и среброто и припадна на Марта Гарсија од Шпанија, која истрча најдобар резултат сезонава – 15.39.98 минути, а бронзата и припадна на Микол Маџори од Италија со резултат – 15:40.65 минути.
На вториот ден на европскиот шампионат кај мажите во фрлање кладиво златен медал освои Бенце Халаш, кој во петтата серија фрли должина 84.25 метри, втор заврши Мерлин Хјумел од Германија – 81.30 метри, а третото место му припадна на Михајло Кохан од Украина – 79.49 метри.
До крајот на денешната програма се одржуваат уште три дисциплини – скок во далечина кај мажите, 100 метри со пречки кај жените и 100 метри кај мажите. мн/
Фото: ЕПА