Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра
- Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра! Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, се вели во соопштението од СДСМ, во кое се пренесува прес-конференцијата на Александар Димитриевски од партиската Комисија за земјоделство, што МИА го објавува интегрално.
Скопје, 13 февруари 2026 - Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра! Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, се вели во соопштението од СДСМ, во кое се пренесува прес-конференција на Александар Димитриевски од партиската Комисија за земјоделство, што МИА го објавува интегрално.
Пред избори, ВМРО-ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.
Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од оние што им ги ветува. Дополнително, им ги усложнија условите.
80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето што произведуваат храна.
Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците.
Кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање субвенции.
Кај полјоделските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.
Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделците останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.
Оваа Влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.
Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри.
СДСМ бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средните земјоделци.
Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ.
Фото СДСМ