• петок, 17 април 2026

Данската премиерка Фредериксен почнува коалициски преговори за останување на функцијата

Данската премиерка Фредериксен почнува коалициски преговори за останување на функцијата

Копенхаген, 27 март 2026 (МИА) - Данската премиерка Мете Фредериксен и нејзината Социјалдемократска партија денеска почнаа преговори за формирање коалициска влада со цел да го обезбедат својот трет владин мандат и покрај тешкиот пораз на владејачкиот коалициски блок на изборите во вторникот.

Аналитичарите проценуваат дека преговорите за формирање коалициска влада ќе бидат комплицирани бидејќи е потребно да се постигне консензус меѓу многуте мали групи во парламентот од 12-те партии што презентираа разни цели во изборната кампања, објавија британските медиуми.

Фредериксен веќе има две левичарски групи на своја страна - Социјаллибералната партија и Зелената левица.

Фредериксен ја поднесе својата оставка до данскиот крал Фредерик во средата кога стана јасно дека нејзината двопартиска коалиција повеќе не може да владее.

Данскиот крал ја замоли Фредериксен да ги води преговорите за формирање нова владејачка коалиција со две левичарски партии, објави кралската палата.

Аналитичарите велат дека резултатите од изборите го покажаа незадоволството на јавноста поради зголемените трошоци за живот, иако Данците ѝ оддадоа признание на Фредериксен за спротивставувањето на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој се закани дека ќе го анектира Гренланд, која е данска автономна територија.сд/ми/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан