• сабота, 19 септември 2026

Големо признание за македонската кошаркарска судијка Никочевиќ

Големо признание за македонската кошаркарска судијка Никочевиќ

Пјештани, 15. август 2026 (МИА) – Македонската кошаркарска судијка Ема Никочевиќ доби голема признение од ФИБА. Таа е номинирана да го суди денешниот финален натпревар на меѓу Белгија и Шведска на ФИБА Европското првенство за кадетки – дивизија Б.

Ема Никочевиќ ќе биде дел од судиската тројка на овој натпревар, заедно со Сузана Вујичиќ од Црна Гора и Иван Илиев од Бугарија.

Шампионатот се одржува во Пјештани, Словачка.

За Никочевиќ ова ќе биде прво европско финале во нејзината судиска кариера – уште едно големо признание за македонското судење и потврда за нејзиниот квалитет, посветеност и довербата која ја ужива на европската кошаркарска сцена. мн/

Фото: Фејсбук КФМ