• среда, 25 февруари 2026

Вооружени лица убија најмалку 35 лица во Нигерија

Вооружени лица убија најмалку 35 лица во Нигерија

Абуџа, 4 февруари 2026 (МИА) - Вооружени лица убија најмалку 35 лица во село во нигериската држава Квара, соопштија локалните власти.

„Утрово ми беше кажано дека се преброени 35 до 40 тела, но не можам да го потврдам тоа“, изјави Саиду Баба Ахмед, член на парламентот на државата Квара.

Гувернерот на Квара рече дека зад нападот стојат терористи. мс/јт/

фото: Архива

Остани поврзан