• недела, 19 април 2026

Во Штип средба на девет ректори на универзитети, кои се дел од европската универзитетска Алијанса ACE2EU

Во Штип средба на девет ректори на универзитети, кои се дел од европската универзитетска Алијанса ACE2EU

Штип, 24 март 2026 (МИА) - Девет ректори на универзитети, членки на европската универзитетска Алијанса ACE2EU, денеска во Штип разговараа за формирање заеднички правен субјект. Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски вели дека седиштето на Алијансата се планира да биде регистрирано во Брисел, а во текот на наредната година да стане целосно оперативно. 

-Тука се сите ректори од деветте партнерски универзитети. Во моментот ги разговараме оперативните организациони активности, околу формирањето на заедничкото правно лице, односно дефинирање на статутот на тоа правно лице, до потпишување на договорите за формирање на правното лице, како и придружните документи од аспект на лични податоци, заштита на личните  податоци, органиација на сите активности, кои што се потребни за да се реализира и профункционира правното лице во иднина. Истовремено се разговара како што кажав на повеќе активности, организација студиски програми, ќе почнеме најверојатно со докторски студии во областа на здравството, пред се мобилности, начинот на размена на подобрување на мобилностите и на студентите и на персоналот-изјави Мираковски. 

Ректори на универзитети од Литванија и Полска, кои беа на состанок велат дека целата на соработка е зближување помеѓу нив, со тенденција тоа да биде трајно. Велат досега има 64 европски Алијанси, а особено постои голем интерес за применетите науки.

-Креирањето на европските универзитетски алијанси претставува додадена вредност во рамките на европската унија. Досега има 64 европски алијанси и особео постои голем интерес за применетите науки. Преку конструрирање на овој заеднички интитет ние даваме кохезија, ги слотуваме нашите ресурси, се со цел направиме нешто повеќе и што ќе виде позначајно во рамките на високото образование- вели Лина Герецкена, ректор од Литванија. 

 Ректорите на европски универзитети разговаара и за  начинот на размена и подобрување на мобилностите и на студентите, професорите и на вработените. вдј/са/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан