Во Кочани промовирана двојазичната книга „Басни за деца“ на македонски и турски јазик
Кочани, 20 февруари 2026 (МИА) - ЈОУ Библиотека ,,Искра" од Кочани во соработка со ОО Црвен Крст од Виница ја промовираше детската двојазична книга на македонски и турски јазик ,,Басни за деца". Збирката басни е дел од интеркултурниот проект ,,Светулка" од интеркултурната група ЦКА-ПХВ при Црвен крст од Виница. Промоцијата се организираше во пресрет на 21 февруари - Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во текот на промоцијата, волонтерите од Црвениот крст на интересен и интерактивен начин ги презентираа содржините на македонски и турски јазик пред учениците и нивните ментори од ООУ ,,Раде Кратовче“ од Кочани, при што учениците покажаа интерес активно да учествуваат во презентацијата, читањето и преведувањето на басните.

-Нашата цел е преку литературните дела, читањето и развивањето на љубовта кон пишаниот збор да се негува, пред се, сопствениот мајчин јазик, но и промоција, афирмација и негувањето на сите јазици, порача организаторот на овој настан од културата, кочанската Библиотека „Искра“. ис/
фото: МИА