• петок, 18 септември 2026

Во Кочани презентација на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“

Во Кочани презентација на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“

Кочани, 19 август 2026 (МИА) - Во салата на Советот на Општина Кочани  во Мултикултурниот центар денеска пред  градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и службеници во Општина Кочани беше презентиран проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“.

Претставник на Здружението на граѓани „СупортКо“ – Кочани ги запозна присутните со проектот и со Националниот протокол за работа со млади во услови на кризи, како практична рамка за организирано, безбедно и координирано постапување со младите во кризни ситуации.

Беа претставени целите и значењето на Протоколот, со посебен акцент на меѓусекторската соработка, навременото информирање, психосоцијалната поддршка и координираното дејствување на институциите и организациите во услови на криза.

Проектот го спроведува ЗГ „Младите можат“ – Скопје, во партнерство со ЗГ „СупортКо“ – Кочани.

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја истакна поддршката на иницијативата и ја потврди подготвеноста за соработка во активности насочени кон зајакнување на локалните капацитети и обезбедување соодветна поддршка за младите во услови на кризи. ис/дма/

фото: Општина Кочани