Во Кочани одбележан светскиот ден на волонтерството
- Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани на мала свеченост што се одржа денеска во кафе-бар „Амор“ го одбележа Светскиот ден на волонтерството.
Кочани, 19 декември 2025 (МИА) - Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани на мала свеченост што се одржа денеска во кафе-бар „Амор“ го одбележа Светскиот ден на волонтерството.
На волонтерите им беа доделени благодарници и беџови за покажана хуманост, солидарност и грижа за заедницата, особено на волонтерите вклучени во справувањето со трагедијата од 16 март, како и благодарници за вклучување во активностите на Црвен крст Кочани.

Претседателот на кочанската Општинска организација на Црвениот крст, Дејан Арсов во својот говор рече дека признанијата се даваат на луѓето-волонтери кои несебично го даваат своето време, знаење и енергија за доброто на другите и за напредокот на заедницата.

Светскиот ден на волонтерите се одбележува секоја година, како можност да им се каже благодарам на сите волонтери за својот труд, ангажман и посветеност за добробит на заедницата. ис/вј/
Фото: МИА