• среда, 15 април 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со убедливо најниски цени на горивата

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со убедливо најниски цени на горивата

Скопје, 24 март 2026

Приоритет и најголем интерес на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува одржувањето на стандардот на граѓаните - наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, што МИА го пренесува во интегрална форма. 

За таа цел, со вистински и навремени мерки, спречен е ценовниот шок кај горивата.

Со одлука на Владата за намалување на ДДВ-то на нафтените деривати од 18 на 10% се спречи поскапување на горивата и се постигна нивната стабилизација.

Додека регионот се соочува со енормни поскапувања, во Македонија бензините остануваат со иста цена, а цената на дизелот се зголемува само за 3,5 денари наспроти очекувањата дека ќе поскапи за 10,5 денари за литар.

Со намалување на ДДВ-то за горивата дирекно се интервенира во намалувањето и стабилизирањето на цените, со што цените на нафтените деривати се намалија од 6,5 до седум денари за литар гориво.

Според пресметките, дневната заштеда за граѓаните е повеќе од 200.000 денари, а на неделно ниво заштедата е приближно 1,5 милион евра. Со ова се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст на цените, кој во спротивно ќе значеше поскапување за граѓаните и стопанството.

Во услови на силен раст на цените на светските пазари, со оваа интервентна мерка на Владата за намалување на ДДВ-то се прекинува синџирот на поскапувањата, од горивата до храна и услуги. 

Македонија останува со убедливо најниски цени на горивата од земјите од регионот и меѓу ретките земји од регионот што директно од буџетот го одржува и се грижи за стандардот на граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан