• среда, 15 април 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Лоши ПР-лекции на дуото Башановиќ и Шчекиќ до дуото Заев и Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: Лоши ПР-лекции на дуото Башановиќ и Шчекиќ до дуото Заев и Филипче

Скопје, 24 март 2026

Српското дуо Башановиќ - Шчекиќ со лоши лекции за дуото Филипче - Заев. Горивата ќе поскапеа за 10,5 денари за дизел и 6 денари за безоловен бензин да не беше реакцијата на Владата. Ефектот од мерката е заштеда за граѓаните од 200 илјади евра секој ден - наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, што МИА го пренесува во интегрална форма. 

Тезата на СДС дека сепак поскапеле горивата и нема ефект од мерките на Владата не само што не е точна туку говори и за принципот по кој се води Социјалдемократскиот сојуз, а тоа е колку полошо за државата толку подобро за Венко и Заев.  

Нескриена е радоста на СДС поради зголемувањето на цените на бензините, што е директна последица на воениот конфликт на Блискиот Исток. СДС и во овој случај узбра да биде неконструктивна опозиција.

ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан