• среда, 11 февруари 2026

Владата одлучи: Вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис

Владата одлучи: Вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис

Скопје, 10 февруари 2026 (МИА) - Ќе се спроведуваат вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис, одлучи Владата на денешната седница.

-Владата ги задолжи институциите во рамки на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на државата и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата, соопшти владиниот портпарол, Венера Азизи.

Владата, исто така, ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги.

-Од 2017 година, откако е формирана, комисијата воопшто не била активна и нема резултат. За таа цел, Владата во иднина ќе бара редовни извештаи, нагласува Азизи. мч/са/

фото: МИА архива
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан