• понеделник, 16 март 2026

Владата на холандскиот премиер Јетен стапи на должност

Владата на холандскиот премиер Јетен стапи на должност

Хаг, 23 февруари 2026 (МИА) – Членовите на новата малцинска влада на Холандија, предводени од најмладиот премиер во историјата на земјата, Роб Јетен, денеска положија заклетва и стапија на должност.

Јетен ја предводи тричлената коалиција составена од неговата либерална партија Д66 и двете конзервативни партии – Народна партија за слобода и демократија и Христијанско-демократски апел. Коалицијата вкупно има 66 пратеници од вкупно 150 места во долниот дом на парламентот, што значи дека Јетен ќе мора да преговара со опозициските пратеници за да обезбеди поддршка за секој закон што неговата влада ќе сака да го донесе.

Јетен и министрите положија заклетва 117 дена по парламентарните избори, пред кралот на Холандија Вилем – Александер. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан