• четврток, 25 декември 2025

Високи признанија од Индија за членови на ДЛС „Св. Кирил и Методиј“-Битола

Високи признанија од Индија за членови на ДЛС „Св. Кирил и Методиј“-Битола

Битола, 24 декември 2025 (МИА) - Министерството за култура на Индија, организатор на меѓународната изложба на уметност за деца  „Fragrance of Art Buds” додели седум награди за членови на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола.

Наградите од Индија во Битола ќе бидат врачени на ученичката Ана Марија Спировска која доби златен медал „Винсент Ван Гог“, златен медал со учество на следна изложба на Сирма Спирковска, а фестивалски награди ќе бидат доделени и на Анабела Јовчевска, Сара Сотировска, Ивана Влкановска, Луна Петковски и Јана Мојсовска, сите членови на ДЛС „Св. Кирил и Методиј“-Битола.

Меѓународниот ликовен фестивал во Индија, чиј организатор е тамошното Министерство за култура, секоја година се одржува во чест на годишнината од независноста на Индија, а Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола, како единствен македонски претставник на светскиот ликовен конкурс учествува 30 години во континуитет.мт/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан