• четврток, 25 декември 2025

Виница ќе прерасне во национален лидер во инклузивен урбан развој

Виница ќе прерасне во национален лидер во инклузивен урбан развој

Виница, 18 декември 2025 (МИА) - Како дел од програмата URBACT Pioneers Accelerator, тимот на Општина Виница работеше на дефинирање на клучните предизвици и можности за создавање безбедни, зелени и креативни зони за сите генерации.

Документот нуди детален преглед на податоци и докази добиени од анкетите и работилниците со граѓаните, наставниците и децата, овозможува идентификација на  проблемите, како што се застарената инфраструктура и бариерите за пристапност. Исто така, преку тој документ се гради стратегија за иднината, вклучувајќи ги првите чекори за ко-креирање на нови мултифункционални зони.

Нашата цел е Виница да стане национален лидер во инклузивниот урбан развој, каде играта и природата му припаѓаат на секого. Се надеваме на успешна понатамошна соработка со граѓаните во реализацијата на овој важен проект за нашата заедница,се истакнува во соопштението на локалната самоуправа на Општина Виница. ис/

Фото: Општина Виница

 

Остани поврзан