• понеделник, 09 март 2026

Велешките извидници во акција за крводарување собраа 45 крвни единици

Велешките извидници во акција за крводарување собраа 45 крвни единици

Велес, 16 февруари 2026 (МИА) - По повод претстојниот Светски ден на извидништвото 22 февруари, велешките извидници од Извидничкиот  одред „Димитар Влахов, вчера во просторија на Теaтарот по четвртти пат ја организираа традиционалната крводарителска акција, во која беа собрани 45 крвни единици, а петтмина за првпат даруваа крв и станаа дел од најхуманата организација.

Акцијата е успешна оцени денеска Орце Николов секретар на ООЦ Велес, кои акцијата ја организираа во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и свои волонтери.

Воедно од ИО „Димитар Влахов“ најавија годинава да организираат уште две акции за доброволно дарување крв: една во Општина Велес и една во Општина Чашка.

Тие им се заблагодаруваат на сите хумани граѓани кои даруваа крв и ја покажаа  хумаността на дело.

Инаку  годинашното македонско мото на светскиот ден на Извидништвото 22 февруари е „Направи добро дело“ а тие го со оваа хумана акција го потврдија своето добро дело.ад/

Фото Општинска организација на Црвен крст Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан