• недела, 08 март 2026

Бурата Оријана предизвика поплави и свлечишта во јужна Италија

Бурата Оријана предизвика поплави и свлечишта во јужна Италија

Рим, 15 февруари 2026 (МИА) – Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.

Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.

Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.

Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан