• четврток, 26 февруари 2026

Буданов: Преговорите меѓу Украина, САД и Русија поминаа конструктивно

Буданов: Преговорите меѓу Украина, САД и Русија поминаа конструктивно

Абу Даби, 5 февруари 2026 (МИА) - Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Буданов, денеска изјави дека втората рунда преговори меѓу Украина, Соединетите Американски Држави и Русија, одржана во Абу Даби, била конструктивна, но не даде детали за постигнатите договори.

Во изјава за украинскиот портал „РБК-Украина“, Буданов им се заблагодари на Соединетите Американски Држави и на Обединетите Арапски Емирати за организирањето и посредувањето во консултациите.

„Преговорите навистина поминаа конструктивно. Благодарен сум им на САД и ОАЕ за квалитетната организација и посредувањето“, рече Буданов, кој учествуваше во работата на украинската делегација. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан