Брод со мигранти се преврте покрај либискиот брег, 53 мртви
- Педесет и три мигранти, меѓу кои и две бебиња, се мртви или исчезнати откако гумен чамец со 55 лица се преврте покрај либискиот брег, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Триполи, 9 февруари 2026 (МИА) - Педесет и три мигранти, меѓу кои и две бебиња, се мртви или исчезнати откако гумен чамец со 55 лица се преврте покрај либискиот брег, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Бродот тргна од Завија во четвртокот и се преврте во близина на Зувара во петокот, соопшти ИОМ, повикувајќи се на преживеани. Завија и Зувара се крајбрежни градови западно од либискиот главен град Триполи.
Само две нигеријки беа спасени за време на операцијата за пребарување и спасување предводена од либиските власти. Едната рече дека го изгубила сопругот, а другата рече дека изгубила две бебиња во трагедијата, соопшти ИОМ.
Повеќе од 1.300 мигранти исчезнале во централниот Медитеран во 2025 година, според агенцијата на ОН.
Само во јануари, најмалку 375 мигранти беа пријавени како мртви или исчезнати во областа по повеќе невидени бродоломи во екстремни временски услови, додека се верува дека стотици други смртни случаи останале непријавени.
Последниот инцидент го зголемува бројот на мигранти пријавени како мртви или исчезнати на рутата во 2026 година на најмалку 484, соопшти агенцијата. мс/рп/
фото: Архива