• вторник, 31 март 2026

Британските принцези Беатрис и Евгенија нема да присуствуваат на велигденската служба

Британските принцези Беатрис и Евгенија нема да присуствуваат на велигденската служба

Лондон, 31 март 2026 (МИА) - Ќерките на Ендру Маунтбатен-Виндзор, принцезите Беатрис и Евгенија, годинава нема да присуствуваат на традиционалната велигденска служба на кралското семејство, соопшти кралски извор близок со дворецот. „Кралскиот инсајдер нагласи дека одлуката е лична и дека кралот Чарлс не ја побарал“, пренесуваат британските медиуми.

Минатата година, принцезите беа присутни заедно со кралот Чарлс, принцот Ендру и неговата поранешна сопруга, Сара Фергусон, на традиционалната велигденска служба што се одржа во замокот Виндзор. Кралскиот извор истакна дека отсуството на Беатрис и Евгенија годинава не значи дека тие ќе се повлечат засекогаш од идните кралски настани или обврски, додавајќи дека одлуката е сосема лична и не е поврзана со било какви официјални забрани.

Апсењето на принцот Ендру Маунтбатен-Виндзор во февруари поради сомневање за злоупотреба на јавна функција, како и неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, доведе до тоа тој да ги загуби сите свои титули и јавни улоги во рамките на кралското семејство, што дополнително ја усложни позицијата на принцезите во јавноста и нивните кралски обврски. И покрај тоа, одлуката на принцезите да не присуствуваат на велигденската служба годинава се гледа како личен избор, а не како конечна промена на нивниот однос со кралското семејство или јавните настани на кои ќе учествуваат во иднина. мв/ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан