• петок, 20 февруари 2026

Боксерот Ален Рустемовски и ракометарот Филип Кузмановски спортисти на годината во Битола

Боксерот Ален Рустемовски и ракометарот Филип Кузмановски спортисти на годината во Битола

Битола, 18 февруари 2026 (МИА) - Сојузот на спортовите во соработка со Општина Битола ги избраа најдобрите спортисти, спортски клубови и спортски работници за 2025 година.

Наградата најдобар спортист на годината годинава им припадна на европскиот првак во бокс Ален Рустемовски и на ракометарот Филип Кузмановски, а во листата на најдобри десет се и голманот Никола Митревски, Леа Бошевска - кикбокс, Бобан Стаиќ - кошарка, Христијан Илиевски - мото-крос, Јовче Даскаловски - велосипедизам, Даниел Зхоу Главевски - пинг-понг,  Марија Димитровска - одбојка, Дарија Крстевска - атлетика и Андреј Јовчевски - фудбал.

За најдобра екипа за 2025 година е прогласен рекометниот клуб „Еурофарм Пелистер“, на второ место е кошаркарскиот клуб „Пелистер“, а третопласирани се женскиот одбојкарски клуб и пинпонгарскиот клуб „Пелагонија“.

Сојузот на спортовите - Битола посебни признанија им додели на ракометниот, фудбалскиот и на планинарскиот клуб „Пелистер“, кои минатата година одбележаа значајни јубилеи, како и на навивачката група „Чкембари“.

Според утврдената традиција на манифестацијата „Спортисти на годината“, беа доделени и други признанија, дипломи и јавни благодарници за придонес во локалниот и националниот спорт. мт/зс/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан