Божиќна честитка од претседателот на СДСМ Филипче до католичките верници
- Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Венко Филипче лично и во име на партијата им го честита празникот Христово раѓање - Божиќ на католичките верници и на скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, Киро Стојанов.
Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Венко Филипче лично и во име на партијата им го честита празникот Христово раѓање - Божиќ на католичките верници и на скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, Киро Стојанов.
-На сите припадници на Католичката црква и на сите христијани кои денеска го слават Христовото раѓање, им упатувам искрени честитки по повод големиот празник Божиќ. Божиќ е празник на надежта, љубовта и заедништвото. Овој голем празник нè потсетува дека само со солидарност, меѓусебна почит и грижа едни за други можеме да изградиме поправедно и похумано општество, во кое секој граѓанин ќе има еднакви можности и сигурна иднина, пишува Филипче во честитката.
Во духот на Божиќните пораки, додава лидерот на СДСМ, „да се свртиме кон вистинските вредности кои нè обединуваат и ни даваат сила да ги надминеме сите предизвици.
-Да правиме добри дела кои ќе бидат патоказ за подобра иднина на следните генерации. Во овие божиќни денови посакувам добро здравје, мир и радост во секој дом. Нека Божиќ донесе нова надеж, нови почетоци и успеси за сите нас. Христос се роди, Честит Божиќ, напиша Филипче во честитката до католичките верници. хс/вј/
Фото: МИА архива