• четврток, 25 декември 2025

Божиновска: АД ЕСМ ги има спроведено набавките по планот, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена

Божиновска: АД ЕСМ ги има спроведено набавките по планот, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена

Скопје, 25 декември 2025 (МИА) – Никој не беше видовит дека земјоделците во Грција ќе штрајкуваат со денови токму сега. АД ЕСМ, кое е под Влада и Министерството за енергетика нема надлежности врз него, си ги има спроведено набавките по планот на набавки, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена, рече министерката Сања Божиновска во одговор на пратеничко прашање за воведената кризна состојба во снабдување со електрична енергија поради недостиг на енергеснси.

Пратеничката од ДУИ Рина Ајдари праша зошто навреме не биле преземени чекори за да се заштитат граѓаните од ценовен шок со новото поскапување на струјата, при што кажа дека ова „не е енергетска криза туку криза на неодговорности“.  

-Како одговорна влада ние без надомест ќе ги дадеме резервите на мазут. Ќе му овозможиме на АД ЕСМ да ги земе резервите на мазут со тоа што кога ќе претстанат да штрајкуваат грчките земјоделци ќе продолжат да бидат снабдувани со мазут, рече Божиновска на седницата за пратенички прашања. 

Во однос на поскапувањето на електричната енергија, таа укажа дека цените ги формира Регулаторната комисија за енергетика. 

-Иако според Реформската агенда државата треба да не дава 100 проценти туку 75 проценти од износот, ние како одговорни кон нашите граѓани, сепак, ги даваме стоте проценти. Цените се над 100 евра моментално на пазарот, ние ги даваме за 65, со цел граѓаните да немаат никакви ценовни шокови. Во првиот блок се околу 70 проценти од граѓаните, знаеме дека инфлацијата е 4 проценти, иако се шпекулираше со 7,8 проценти и двоцифрени, поскапување има од 2,25 проценти, рече министерката.

Таа посочи дека во новиот закон кој, рече, е целосно имплементиран со Европската Унија, првпат се воведени мерки за енергетска сиромаштија.

-Даваме финансиска помош и други мерки, што значи дека воведуваме првпат концепт на енергетска сиромаштија. Тоа значи дека освен што ќе даваме пари за ранливите граѓани, имаме мерка со која во текот на зимата не смее да ги исклучуваат сиромашните граѓани, тоа досега го немало, додаде Божиновска. хс/вј/

Фото: принтскрин 

Остани поврзан