Белорусија одлучи да ја затвори својата амбасада во Финска
- Финските власти претходно денеска соопштија дека се сомневаат дека руски разузнавачки авион Ил-20 го нарушил вчера финскиот воздушен простор во западниот Фински Залив.
Минск, 21 август 2026 (МИА) - Белорусија ќе ја затвори својата амбасада во Финска почнувајќи на 1 септември, се наведува во резолуција усвоена од белоруската влада.
Финското Министерство за надворешни работи и белоруската амбасада во земјата не одговорија веднаш на барањата за коментар.
Финските власти претходно денеска соопштија дека се сомневаат дека руски разузнавачки авион Ил-20 го нарушил вчера финскиот воздушен простор во западниот Фински Залив.
Наводното прекршување траело околу три минути, а авионот влегол над територијата на земјата на околу 4,7 наутички милји (8,7 километри).
Властите соопштија дека започнале прелиминарна истрага. зш/