Белгија без Лукаку на американската турнеја
- Најдобриот стрелец на Белгија, Ромелу Лукаку (32), ќе ги пропушти претстојните пријателски натпревари против САД и Мексико.
Брисел, 24 март 2026 (МИА) – Најдобриот стрелец на Белгија, Ромелу Лукаку (32), ќе ги пропушти претстојните пријателски натпревари против САД и Мексико.
Белгија ќе игра против САД во Атланта в сабота, а три денови подоцна против Мексико во Чикаго.
Лукаку има проблеми со повреди оваа сезона и ретко настапуваше за својот клуб Наполи, одлучувајќи да ја пропушти американската турнеја за подобро да се подготви за крајот на сезоната и претстојното Светско првенство.
„Ромелу одлучи да го искористи овој период на тренинзи за дополнително да ја оптимизира својата физичка состојба“, објави вечерва Фудбалската федерација на Белгија.
Лукаку последен пат настапи во белгискиот дрес во победата од 4-3 над Велс во квалификациите за Светското првенство во јуни, во која постигна гол, по што ги пропушти следните шест меѓународни натпревари на Белгија. ег
ФОТО: ЕПА