• четврток, 16 април 2026

Бахреин пресретнал повеќе од 550 ирански проектили од почетокот на конфликтот

Бахреин пресретнал повеќе од 550 ирански проектили од почетокот на конфликтот

Манама, 28 март 2026 (МИА) - Бахреин денеска соопшти дека пресретнал најмалку 550 ирански проектили од почетокот на војната што Израел и САД ја водат против Иран.

Бахреинската армија наведе дека пресретнала и уништила 174 ирански ракети и 385 дронови насочени кон земјата од почетокот на американско-израелските напади врз Иран пред еден месец, пренесува „Ал Џазира“.

Во објавата на социјалните мрежи, употребата на дронови и балистички ракети за напади врз цивилна инфраструктура и приватен имот во Бахреин е оценета како „флагрантно кршење на меѓународното хуманитарно право и на Повелбата на ОН“, како и „директна закана за регионалниот мир и безбедност“.

Претходно денеска, сирените за тревога двапати беа активирани во Бахреин како предупредување од претстојни напади, додека Министерството за внатрешни работи ги повика граѓаните „да се упатат кон најблиското безбедно место“, наведува „Ал Џазира“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан