Бахами ја призна независноста на Косово
- Бахами е 121 земја, која го призна Косово како независна и суверена држава, изјави денеска претседателката Вјоса Османи
Приштина, 19 декември 2025 (МИА) – Бахами е 121 земја, која го призна Косово како независна и суверена држава, изјави денеска претседателката Вјоса Османи.
Таа наведе дека во главниот град на Бахами, Насау потпиша Договор за признавање и воспоставување на дипломатски односи со карипската држава.
Тоа е четврто признавање на Косово оваа година, а на Бахамите им претходеа Сирија, Судан и Кенија. ми/
фото: МИА архива