Асфалтиран дел од „Улица 4“ во селото Јакимово
- Поставен е асфалт на дел од „Улица 4“ во село Јакимово, со што е решен повеќегодишен проблем за жителите од овој дел на селото. Асфалтираната улица е во должина од околу 300 метри, при што почетокот се поврзува со постоечки асфалтен пат, а крајот со земјен пат, со што значително се подобрува пристапноста и безбедноста во овој дел од Јакимово.
Виница, 19 декември 2025 (МИА) - Поставен е асфалт на дел од „Улица 4“ во село Јакимово, со што е решен повеќегодишен проблем за жителите од овој дел на селото. Асфалтираната улица е во должина од околу 300 метри, при што почетокот се поврзува со постоечки асфалтен пат, а крајот со земјен пат, со што значително се подобрува пристапноста и безбедноста во овој дел од Јакимово.

Изградбата на улицата е реализирана на барање на локалното население, бидејќи на оваа делница се наоѓаат повеќе семејни куќи, како и основното училиште, што придонесува за зголемена фреквенција на сообраќај, соопштува локалната самоуправа на Општина Виница. ис/вј/
Фото: Општина Виница